Лина Ќучукова, најстарата струмичанка, почина со навршени 104 години
СТРУМИЦА / 11.09.13 / 12:14
Настариот жител на Струмица, Лина Ќучукова, која на 9-ти август го славеше својот 104 роденден, почина синоќа , јави порталот Струмица Нет.
Членовите на семејството за својата гордост баба Лина говореа дека таа до пред пред некој месец никогаш не била на лекар, не знаела за болест, ниту пак користела какви било медикаменти.
Последните месеци кај Лина биле забележливи тешкотии при движењето.
Таа секојдневно при станување и легнување се молела на Господ за здравје и живот, за себе и за своите најблиски.
Баба Лина родила седум деца, од кои четири се живи. Од нив има девет внуци и 12 правнуци.
Таа била родена на 9 август 1909 година во селото Гола, Кукушко, во соседна Грција. Кога имала четири години, била донесена во Струмица.
Цел работен век го поминала по нивите работејќи со сопругот да обезбедат егзистенција за семејството.