Димитров ја одби амбасадата во Москва, останува во Хаг - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
четврток, март 06, 2014 - 15:41
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Димитров ја одби амбасадата во Москва, останува во Хаг

СКОПЈЕ / 24.02.14 / 17:15
Амбaсадорот Никола Димитров ја одби понудата да ја води македонската дипломатска мисија во Москва, наведувајќи дека својот професионален ангажман ќе го продолжи во Хашкиот институт за глобална правда.

Министеерството за надворешни работи ја потврди информацијата наведувајќи дека воден од „личните приоритети (Димитров) одлучува да ја прифати таа понуда“.

„Ние ја почитуваме неговата одлука и му посакуваме личен успех на овој план. Македонија ќе продолжи со зголемен елан да ја унапредува соработката со Кралството Холандија”, се вели во писмената изјава на Никола Ѓорчев, од канцеларијата за односи со јавност на МНР.

Димитров во изјава за македонските медиуми навбедува дека „професионалното искуство и знаење кои ги стекнав благодарение на довербата и честа кои ми беа укажани од институциите на Република Македонија, во наредниот период ќе ги искористам преку мојот ангажман во Хашкиот институт за глобална правда, каде меѓу другото, ќе работам на промоција на демократијата, владеењето на правото и европската и евроатлантската интеграција на државите од Југоисточна Европа“.

Никола Димитов и припаѓа на групата врвни македонсики диопломати со богата професионална кариера.

Тој беше советник за национална безбедност во кабинетот на починатиот претседател Борис Трајковски, заменик-министер за надворешни работи, а ја извршуваше и амбасадорската функјција во Вашингтон. Додека беше македонски дипломатски претставник во САД, тој истовремено беше и преговарач во спорот помеѓу Македонија и Грција во спорот околу името.

Од позиција на амбасадор на Македонија во Холандија, Димитров ја застапуваше Македонија во спорот со Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Одлуката за негово назначување во Москва поминала на владина седница пред неколку недели.







| | | | | | | | |
Последни
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development