Што се треба да се знае за уништувањето на сириското хемиско оружје во Албанија! - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
понеделник, ноември 18, 2013 - 10:03
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Што се треба да се знае за уништувањето на сириското хемиско оружје во Албанија!

СКОПЈЕ / 15.11.13 / 17:01
Албанија веќе најави дека на нејзина територија може да биде уништено хемиското оружје од Сирија и покрај бранот силни протести како кај домашната јавност, така и во соседството.

Западните агенции веќе анализираат дека се уште не е докрај јасно зошто оваа мала сиромашна балканска земја, со историја на турбуленции е прифатена како избор за операцијата, како ќе биде уништено хемиското оружје и колку тешко и со каков ризик е неговото уништување.

Сирија, според проценките, поседува над 1.000 метрички тони хемиско оружје, нервни агенси и хемиски состојки што можат во даден момент да се измешаат и да произведат токсични агенси.

Според анализите, постојат два основни методи за уништување на хемиското оружје – хемиска неутрализација и уништување по пат на горење. За обете постапки се потребни најпогодни специјализирани објекти. Ако се избере методот на горење, тоа значи дека е потребен објект кој обезбедува да се постигнат температури на оганот од илјадници степени, додека хемиската неутрализација подразбира користење на други хемиски средства што оружјето би го направиле неупотребливо.

Уништувањето на хемиското оружје, според анализата на агенциите, претставува ризична постапка.

Со децении старите буриња и контејнери можат лесно да почнат да протекуваат и се мошне тешки за безбедно ракување со нив. Исто така, уништувањето исто така произведува мошне висок ризик ако не бидат внимателно складирани.

Растуреното оружје со кое хемикалиите веќе еднаш биле употребени и складирано во ракети, спракувани со екплозив, исто така претставува опасност . Тие ракето можат да почнат да протекуваат и по некаква несреќна околност можат лесно да ја загадат околината.

Нервниот гас мора да биде складиран со исклучителна контрола и стандарди за да се оневозможи негово истекујвање и да се намали ризикот за труење на луѓето по некаква случајност. Што се однесува до Сирија, таа земја треба да овозможи на 1000 тони од високо-токсични хемикалии и оружје да бидат изнесени од таму.

Што се однесува до одлуката зашто Албанија е избрана за територија каде ќе се уништува оружјето, агенциите го наведуваат тоа дека зењмјата има некакво искуство со оваа проблематика. Албанија е една од само три земји кои пријавиле дека поседуваат хемиско оружје на Организацијата за забрана на хемиско оружје со седиште во Хаг и која потоа го уништила тоа оружје. Албанија свооите количини од близу 17 тони хемиско оружје успешно ги уништила во 2007 година.Организацијата од Хаг тогаш соопшти дека Албанија е првата земја која „комплетно и веродостојно го уништила сето свое хемиско оружје“.

Што се однесува до транспоротот на оружјето, Норвешка веќе се пријави дека ќе упати свое цивилно товарно пловило и морнаричка фрегата да помогне да се пренесе сириското хемиско оружје.

Норвешкиот министер за надворешни работи Борге Бренде изјави дека се работи на деталите за тоа кое од сириските пристаништа ќе се користи за товарење на оружјето на норвешкиот брод. Фрегатата, според него, ќе биде во придружба на бродот што ќе го носи опасниот товар.



| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development